Од денеска до недела, во Рига се одржува суперфиналниот турнир од Европската младинска кошаркарска лига (EYBL) во конкуренција на кошаркари до 14 години.
Како второпласирана во централноевропската дивизија од ова натпреварување, ќе учествува и кадетската екипа на Вардар, заедно со уште 11 тимови. Суперфиналистите се поделени во три групи од по четири екипи, а Вардар ќе се натпреварува со Ридзене од Летонија, Талтек од Естонија и Вилнус од Литванија.
Натпреварите се поделени во три дена, а секоја екипа ќе одигра по пет меча: два денеска, два утре и еден в недела. Првопласираните екипи од секоја група и најдобрата второпласирана одат во полуфинале и ќе се борат за пласман од првата до четвртата позиција. Двете останати второпласирани и најдобрите две третопласирани екипи играат од 5. до 8. место, а преостанатата трета и четвртопласираните екипи од 9. до 12.
Вардар го отвора својот настап утринава од 11 часот со дуелот против Ридзене, а во 18:20 се среќава со Вилнус. Утре од 10:20 е последниот меч во групата, против Талтек. Натпреварите од групата се играат 4х8 минути, а во дуелите за пласман 4х10.
извор: kos.mk