Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардарецот Влаќевски трет на државното поединечно првенство, Донковски на 11 место

КУГЛАЊЕ! Вардарецот Влаќевски трет на државното поединечно првенство, Донковски на 11 место

hhk

Вчера  16 јануари во кугларницата при Спортскиот Центар “Борис Трајковски“   се одржи вториот  и воедно финален круг од “Државното поединечно првенство“ во куглање нашата земја. На првенството земаа учество и два куглари од црвено-црниот кугларски колектив, тоа беа Младен Донковски и Бојан Влаќевски.

Бојан Влаќевски го освои одличното трето место на ова првенство, тој вчера имаше резултат 596 “соборени дрва“ зад своето име. Како што ни изјавува Влаќевски за него третото место е мало разочарување во однос на амбициите со кој настапи на првенството. Тој вели дека моментално е надвор од посакуваната форма и слабата игра во двата круга му го донесе третото место што на еден начин е утешно. И ако Влаќевски е скромен во однос на својте изјави и вака вон форма тој направи голем успех освојувајќи го третото место во земјата. Од него се очекува во идното првенство атак на врвот и освојување на првото место знаејќи го неговиот екстремен квалитет и фактот што е еден од најдобрите активни куглари во Македонија. Другиот член на Кк Вардар Младен Донковски заврши како 11-то пласиран на овогодинешното поединечно државно првенство, тој вчера зад своето име запиша резултат : 532 “соборени дрва“.