Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Дарко Димитровски: Со победа над ГТЦ титулата ќе ја одлучуваме во меѓусебните дуели со Макпетрол
КУГЛАЊЕ! Дарко Димитровски: Со победа над  ГТЦ титулата ќе ја одлучуваме во меѓусебните дуели со  Макпетрол

КУГЛАЊЕ! Дарко Димитровски: Со победа над ГТЦ титулата ќе ја одлучуваме во меѓусебните дуели со Макпетрол

Вардар во Македонската кугларска лига мометално е првопласирана екипа со максимален број на бодови по воведните три кола, на второто место е екипата на Кк Макпетрол со идентичен број бодови, тим кој со црвено-црните ќе се бори до последниот меч годинава за одличјето Шампион на Македонија. Првиот предизвик во оваа година  е дуелот со скопскиот ривал Кк ГТЦ, кое е наше трето гостување во четвртото коло од домашната лига. Мечот со ГТЦ е закажан според натпреварувачкиот календар за на 23-ти јануари. Тој дуел  е закажан за во  10-00 часот, а местото на одигрување е кугларницата „Мусандра“ во скопскиот Градски трговски центар. За овој дуел разговараме со црвено-црниот куглар Дарко Димитровски, кој како подпредседател воедно е еден од “моторите“ на враќањето на светото име Вардар во кугларските височини во нашата земја.
  • Следниот меч во Македонската кугларска лига  со екипата на ГТЦ очекувам да биде неизвесен и тежок дуел. ГТЦ покажа квалитет во дуелот со Кк Макпетрол, кој го загуби во последните топки. Сигурно ќе имаат силен мотив и против нас да се докажат, но верувам дека сепак на крај ние ќе се радуваме.  Нормално имам  респект спрема овој противник, но сметам дека за нијанса сме поквалитени, ние сепак тоа треба да го покажеме и на терен во “Мусандра“. Нашата форма реално е падната, дел заради крајот на првата полусезона, дел заради празничната пауза, но со истото се соочуваат сите тимови па се надевам искуството ќе биде пресудно. Верувам ќе се покажеме во вистинско светло и во прав момент. 

Дарко во продолжение ни зборува за важноста на овој дуел, но и за она што следува дербито на Македонската кугларска лига на двата опоненти за титулата Вардар и Макпетрол. Димитровски дава оценка и за почетокот од сезоната во која бевме убедливи со три победи од исто толку мечеви.

  • Со наша евентуална победа во мечот со ГТЦ титулата ќе се одлучува во меѓусебните мечеви со екипата на Кк Макпетрол, а во случај на пораз би морале да одиме по потешкиот пат до титулата со атак на две победи во двата дуела со шампионот Макпетрол. Затоа како тим мора да изгинеме на овој дуел и да го добиеме, а воедно да ја истемпираме формата за дербито со првакот. Овогодинешниот наш старт е според нашите очекувања, со три победи во исто толку дуели, но сепак реално игравме со послаби тимови од нашиот. На истите бевме свесни дека несмееме да дозволиме да не изненадат, бидејќи влеговме како фаворити во истите. Ждрепката сакаше во последните две кола од првиот круг да имаме две дерби средби пред нас, тоа се дуели во кои мора да го покажеме сиот свој квалитет и искуство, а поинаку и не можеме и не смееме- Изјави за Дарко Димитровски за нашиот сајт.

 

Михајло Тушевски