Пладневните термини од финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, оние на 17 февруари (петок), се резервирани за полуфиналните натпревари во женска конкуренција, Во вториот полуфинален натпревар (14.30 часот), ќе се сретнат екипите на Вардар и на МЗТ Скопје Аеродром. Предводникот на „вардарки“ , капитенот Симона Деловска вели:
„Годинава нема непоразени екипи во Првата лига и се надевам на интересни натпревари. Верувам дека сите ќе го дадат максимумот и дека ќе победи навистина најдобрата екипа. Иако се соочуваме со проблеми, како здравствени, така и со повреди, најважно ни е да имаме мотив пред овие натпревари и верувам дека на крајот ќе ги оствариме целите“.