Вардарки се пласираа во осумте најдобри екипи во националниот Куп, откако попладнево на градскиот стадион во Кочани беа подобри од тимот на ЖФК Кочани со резултат 0:3. Стрелец на сите три гола беше Теодора Јанковска.
И повеќе од заслужена победа за избраничките на Димитровска, кои денес покажаа повеќе од домашниот тим. Резултатот беше отворен во 23.минута, за на полувреме да имаме минимално водство од 0:1. Со уште два гола на Јанковска, во краток интервал од вториот дел, односно во 63 и 69.минута беа поставени конечните 0:3 на овој натпревар од 1/8 финалето во женскиот Куп на Македонија.
Вардар: Верица Колевска, Амире Азизи, Сања Чубриновска, Данче Карпузовска (К), Мила Наумовска, Миа Закев, Анастасија Влинтовска, Теодора Јанковска, Јована Максимовска, Сара Хот, Сара Сточевска.
Играа уште и Леа Стојковска и Мила Цветановска.