Алтанот на БК Вардар Хамикоев Тимур брилијаше викендов во борбите кој ги имаше . Македонскиот репрезентативец и член на Вардар имаше фантастичен настап на Лила Меларкуп во Вестерос, Шведска.Големината на неговите победи се уште поголеми ако се знае дека настапи во повисока категорија до 97кг и во слободен стил а самиот има моменатaлно 88кг што уште толку ја покажува неговата физичка супериорност .
Во првата борба го совлада со т.н технички туш и резултат 10-0 Сим Квиле од БК Атен. Во втората борба го победи со 10-0 борачот Бјерн Јохансон -ИФК . Во третата борба на душекот се најде со Кавај Илалдајев -Хусумс резултатот беше 6-2, но при овој резултат Тимур со атрактивено фрлање за 4 поена го тушираше противникот и ја однесе победата(Види слика)
. Следуваше финалето каде на нашиот борач ривал му беше Томи Санд -Калсве ИФБ тука нашиот Вардарец не остави ништо на случајност и го совлада со технички туш односно резултат 10-0 .
За борбава шефот на стручниот штаб на БК Вардар Професорот Љубиша Пешко за специјализираниот најдобар во таа област во земјава и пошироко Македонски веб сајт за боречки вештини http://ipon.mk- изјави :
Не настапи во својата категорија до 86 кг, затоа што немаше толеранција, не му дозволив да симне од својата телесна тежина 2 кг ( сега има 88кг мускулна маса). Тимур не покажа никаква слабост против титаните во повисоката категорија и во друг стил, -изјави неговиот тренер Љубиша Пешко.
Екипата на Вардарфанс.мк на Тимур му посакува уште многу успешни борби и остварување на желбата која е длабоко врежана сите членови на БК Вардар и на нас подржувачите учество на Вардарец на -ОЛИМПИЈАДАТА РИО-2016 !