Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > (ФОТО) Влаќевски прво место на меѓународниот 13-то Ноемврски кугларски турнир, другиот вардарец Донковски “бронзен“
(ФОТО) Влаќевски прво место на меѓународниот 13-то Ноемврски кугларски турнир, другиот вардарец Донковски “бронзен“
Донковски-Димитровски(тренер на Вардар)-Влаќевски

(ФОТО) Влаќевски прво место на меѓународниот 13-то Ноемврски кугларски турнир, другиот вардарец Донковски “бронзен“

k

Ни пристигнува убава вест за нашите куглари кои освоија поединечни награди во текот на вчерашниот ден. Оваа недела во МКЛ ќе има пауза поради одигрување на поединечен турнир по повод 13 Ноември денот на ослободување на Скопје од фашистичката окупација. Нашиот кугларски црвено-црн тим  имаше двајца преставнции на овој меѓународен турнир. Станува збор за две имиња кој се во топ-3 по квалитет во КК Вардар. Ќе настапат на истиот Бојан Влаќевски и Младен Донковски.

ПЛАСМАН СЕНИОРИ!

ПЛАСМАН СЕНИОРИ!

Овој меѓународен турнир се играаше во кугларницата Мусандра која се наоѓа во ГТЦ-Скопје која воедно е и наш домашен терен. Организатор е сојуз на спортови на Град Скопје во соработка  со Кугларската федерација на Македонија. Кугларскиот Моцарт феноменалниот вардаров куглар Бојан Влаќевски беше освојувач на овој турнир. Тој зад себе остави 14 имиња од македонското и српското куглање, освојувајќи го врвот со скор од 621 “соборено дрво“.  Второпласиран беше Пеце Димовски од Хераклеа клуб кој доаѓа од Битола со  скор 598. На победничкиот “подиум“ дури две имиња беа црвено-црни. Трето пласиран беше Младен Донковски кој собори 588 “дрва“. Со ова “еден-три“ победа покажавме дека во Вардар постојат итекако одлични поединци. Честитки до Бојан и Младен за успехoт.

k7 k9 k8

k2