КК Вардар се подготвува за настап на завршниот турнир во Националниот Куп на Македонија. Утре нашите кошаркари во рамките на 1/4 финалето ќе се сретнат со тимот на КК Карпош Соколи. Нашиот тим иако е апсолутен аутсајдер на овој меч, сепак има свој адути на кој може да смета на овој дуел против претставникот на АБА-лигата.
Со овој натпревар ќе биде отворен овој турнир. Овие два тима ќе се сретнат во 13 часот. Потоа следуваат уште три натпревари во текот на денот. Веќе во сабота се играат 1/2 финалните дуели. Се надеваме на една мотивирана и борбена игра на нашите млади кошаркари.