КК Вардар ги заврши настапите во Купот на Македонија. Попладнево нашите млади кошаркари иако загубија од Карпош, сепак покажаа дека можат да играат со секого на високо ниво.
На стартот од натпреварот Карпош Соколи ја направи клучната предност на овој меч. Во првиот период противниците постигнаа 30 поени а примија само 13. Вториот период нашиот тим го одигра добро благодарение на капитенот Лефкоски кој имаше одлично шутерско шоу. Овој втор период нашиот тим го доби со резултат 24-23. И третиот период нашиот тим го доби, овој пат со два поени разлика 22-20. Во последниот период Вардар влезе со негатива од 73-59. Последните 10. минути од мечот вардарци ги одиграа одлично. Успеаа да намалат многу од негативата, а во еден момент се добилижија и на само седум поени негатива. Резултатската неизвесност продолжи се до крајот на натпреварот. Сепак, на крајот се радуваше поискусната екипа, која го доби овој меч со резултат 92:84
Најефикасен на теренот беше Лефкоски кој постигна 22 поени, Адедеџи придодаде 17, а имаше и 10 асистенции. Во победничкиот тим Бојан Трајковски постигна 20 поени.