Првиот трофеј за големото црвено-црно семејство го освоивме денес, девојките од кошаркарскиот клуб дојдоа до титулата во Купот, БРАВО ДЕВОЈКИ.
Тие вечерва го совладаа актуелниот првак тимот на Бадел со 69-65. Одлична вест е дека за првпат во својата историја го освоија пехарот во ова натпреварување. Нашите девојки се надминаа денес, Вардар водеше речиси во текот на целиот натпревар. Дури и кога беше тешко во шесте минути кога поради пет лични грешки не играше најдобрата Едина Муса. Девојките предводени од Бране Андриевски тргнаа со 9-0 на почетокот и целиот меч го контролираа. Нашата Муса беше прогласена за најкорисен играч на завршниот турнир таа беше лидер со “дабл-дабл“ ефект. Вечерва таа беше најефикасна со 23 поени имаше и 11 скока и две асистенции.