Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > (ВИДЕА) Борбите на вардарци на Европското првенство, Борачите-ветерани со критики до ФБСМ поради неажурноста и тоа што Вардар сам се бори за мак.борењето
(ВИДЕА) Борбите на вардарци на Европското првенство, Борачите-ветерани со критики до ФБСМ поради неажурноста и тоа што Вардар сам се бори за мак.борењето

(ВИДЕА) Борбите на вардарци на Европското првенство, Борачите-ветерани со критики до ФБСМ поради неажурноста и тоа што Вардар сам се бори за мак.борењето

Од 2ри до 7ми месецов се оддржа  Европското првенство во борење, овој собир на борачите од “стариот континент“ се одвиваше во  Нови Сад, Србија. На него земаа учество двајца вардарци во Македонската репрезенација и иден во селекцијата на нашиот северен сосед Србија. За српскиот состав настапи Ефендиев, а за црвено-жолтите Нуров и Егоров. Најзабележителен настап дефинитивно имаше Нуров Магомаедгаџи кој стигна во борбата за медал, “бронзен“. Тој за жал во последната борба неуспеа да донесе медал за Македонија ама покажа квалитет и континуитет на квалитетната работа во БК Вардар. Нашиот Вардар на свои плеќи го носеше и финансираше Нуров до овој успех. Најдолу  во  текстот може да ги погледнете видеата на сите вардарци со настап на Е.П.

На страницата на “Борачи-Ветерани на Македонија“ излезе соопштение токму за несериозноста на федерацијата и тоа како Вардар сам го финансираше својот борач што треба да биде државен и интересн на федерацијата во некоја нормална консталација на настаните. Истото соопштение ви го носиме во целост во продолжение:

Борачи-Ветерани на Македонија>>>

Ветувањата на ФБСМ пропаднаа ,
Единствено БК ВАРДАР со своите визии и активности – остваруваат победи и висок рејтинг за Македонија .

Вистината е следна :
- раководството на ФБСМ изјавуваше дека не им се потребни натурализираните Македонци и дека поради нив не доаѓаат до израз Македонските борачи , но селекторот на репрезентацијата со спортскиот директор нека достават известување и анализа , каде им се борачите во кои залудно инвестираа огромни средства 4-5 години ?
- според БК ВАРДАР : севкупната подготовка , тренажен процес и учество на натпревари ги оствариле самостојно , без никаков удел на ФБСМ , дури се посочуваат со име и презиме функционери на ФБСМ кои што намерно ги попречиле нивните репрезентативци во остварување на висок пласман на Европското У23 и Европското во Нови Сад , каде што биле изземени без никакво образложение Македонските шампиони во своите категории:
Владимир Егоров и Халил Зубаиров .

Јавно бараме од ФБСМ јасно да кажат и да докажат дека овие обвинувања не се вистинити !

- ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕВКУПНИТЕ ПОДГОТОВКИ ГИ ИЗВРШИЛЕ САМОСТОЈНО БК ВАРДАР , БЕЗ НИКАКВА ПОМОШ ОД ФБСМ ИЛИ ВЛАДИНА ИНСТИТУЦИЈА ?
( не земајќи ги во обзир 2 неделните завршни подготовки во Тетевен , каде што бесмислено биле на подготовки покрај Владимир Егоров и Елмедин Сејфулау уште други личности )
- ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СИТЕ ПАТНИ ТРОШКОВИ ЗА УЧЕСТВОТО НА ПОДГОТОВКИТЕ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ТУРНИРИ САМО БК ВАРДАР ГИ ОБЕЗБЕДИЛ СИТЕ СРЕДСТВА ?!

- КАКО МОЖЕ РАКОВОДСТВОТО НА ФБСМ да се ФАЛИ СО УСПЕХОТ НА ВАРДАРОВИТЕ БОРАЧИ КОГА СО НИШТО НЕ ПРИДОНЕЛЕ ЗА УЧЕСТВОТО И ОСТВАРУВАЊЕ УСПЕХ НА СПОМЕНАТИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ?!