Вардаровите борачи и македонските репрезентативци Владимир Егоров (57 кг) и Могамедгаџи Нуров (97 кг) ќе настапат на Светското првенство овој месец. Истото се одржува во Париз, Франција каде тие ќе настапат на 25 и 26-ти август.
Тие во своите категории ќе се “судрат“ со дури 35 соперници и ќе се обидат да се престават најдобро. Нивните ривали доаѓаа од земји кој се најдобри во овој спорт на глобално, планетарно ниво. Црвено-црни момци ќе се потрудат да стигнат до најдобар можен пласман и да се престават во вистинско светло. И како по правило кога се големите настани има “црна точка“ поврзана со федерацијата. Па така раководството на ФБСМ (намерно) прави погрешен потег повторно. Голем хендикеп за македонското борење е тоа што раководството на федерацијата намерно не го пријави најдобриот македонски борач Халил Зубаиров (носител на медел од европско младинско првенство) да учествува на Светското во Париз во категоријата до 86 килограми. Дуелите ќе може да ги следите во живо, за точните термини на настап ќе ве известиме дополнително.
Посветеноста на луѓето во Вардар може да се види во тоа што претходно македонските репрезентативци Владимир Егоров (57 кг) и Могамедгаџи Нуров (97 кг) како подготовка за СП 2017 во Франција им овозможија да се дел од на силниот турнир „Али Алиев“ во Дагестан, Русија.
Натпреварите може да се следат во живо – ОВДЕ!