Викендов пред почетокот на квалификациите во Купот, кои Вардар ги бојкотираше поради незадоволство од фунционирањето на Македонската кугларска федерација се доделија медалите за одиграното првенство. Вардар ја оствари целта во Македонската кугларска лига по 4 години постоење може да кажеме дека има исто така 4 години успех, бидејќи повторно е вицешампиони на МКЛ.
Ние завршивме зад шампионот КК Макпетрол кој е најбогат и наорганизиран клуб во македонското куглање деценија и пол и повеќе, а пред сите други тимови во домашниот шампионат. Ова второ место донесе “сребрени“ медали кои завршија на градите на момците предводени од Драги Димитровски.