Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: ЖКК Вардар дојде до осмата победа по ред во лигата, Струга 2009 “лесен залак“ за вардарки
Кошарка: ЖКК Вардар дојде до осмата победа по ред во лигата, Струга 2009 “лесен залак“ за вардарки

Кошарка: ЖКК Вардар дојде до осмата победа по ред во лигата, Струга 2009 “лесен залак“ за вардарки

Вчера, недела женскиот црвено-црниот кошаркарски колетив Вардар гостуваше кај тимот на ЖКК Струга 2009 во истоимениот град во дуел од 9.коло (втор круг) во женсата прва кошарарска лига. Вардарки дојдоа до осмата последователна победа во единствената женска лига со 33 поени позитива, тие триумфираа на ова гостување во дуел во кој целосно го надиграа по четврти пат сезонава истиот противник со резултат 37-70.

До крајот од разигрувањето останува уште едно, последното 10.коло од овој втор круг, во истото ние гостуваме на шампионот Бадел 1862. Во трите соочување имаме една победа и два пораза во лигата со баделки. Тоа ќе биде последен дуел пред плеј-офот и по крајот на истиот ќе се знае распоредот за паровите во последната етапа.