Одбојкарите на Вардар се пласираа во големото финале и ќе атакуваат на титулата. Противник на Вардарци во финалето ќе биде фаворизираната Струмица.
Претходно, во полуфиналето, Вардарци доминанто ја исфрлија екипата на ОК Весна Пробиштип со победи и на домашен и на гостински терен. На гости Вардар стигна до победа во трилер завршница и тај-брејк со резултат 3-2.
Среќно Вардарци во финалето!