Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Атак на многу титули годинава, Вардар атакува на 12 титули во клупските спортови

Атак на многу титули годинава, Вардар атакува на 12 титули во клупските спортови

vf

Во 2016 година идеме да ја збогатиме црвено-црната колекција на трофеи. Годинава атакуваме на еден грст трофеи во сениорските категории, но и на многу трофеи во младинските категории. За сите мечеви извештаи, фотогалерии изјави следете го нашиот вардаров сајт “ВАРДАРФАНС.МК“.

Фудбалскиот клуб атакува на трофејот во првата лига, купот е веќе загубен, но во 2016 во игра е и Суперкуп трофејот кој како и првенствената титула се во наша сопственост. Ракометниот клуб атакува на четири титула. Домашните две на кој е сопственик куп и првенство, но и двете интерационални СЕХА лига и Лигата на Шампионите. Женскиот ракометен колектив атакува на три, две домашни кој ги поседува и таа титула во европската лига на Шампионите. Покрај ова во помалите спортови атакуваме исто така на титули кугларите атакуваат на одбрана на “Претседателскиот куп“ и ќе атакуваат на титулата во Македонската кугларска лига. Кошаркарите се второпласирани и ќе атакуваат на титулата во Втората лига и промоција во првата. Тоа се вкупно 12 сениорски титули на кои атакуваме годинава. Чекаме титули во борење, атлетика и.т.н. Младите категории во фудбал, ракомет( женски и машки), кошарка се активни оваа година и за сите нивни успеси ќе бидете благовремено информирани, следете Вардар фанс.