Викендов на програмата беше 4.коло во Македонската кугларска лига. Вардар во истото го очекува натпревар на домашен терен со екипата на Кугларскиот клуб 18-ти Август. Овој дуел е шанса за враќање на победите по поразот на гостински терен кај тимот кој е шампион на Република Македонија последнава деценија и пол, КК Макпетрол.
Натпреварот со “фенерџијата“ во МКЛ се игра во денес, понеделник, 30.октомври со почеток во 19-00 часот. Дуелот ќе се одигра во кугланата “ВИП“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Вардар е огромен фаворит во овој дуел поради играчите квалитетот кој го поседува. Во ланските три дуели во лигата победа издвојуваше нашиот тим со ривалот со кој ќе се сретнеме денес. Ова е прилика да се вратиме на победничката патека и да ја запишеме треттата победа во четвртото коло оваа кугларска есен во МКЛ.