Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар во сабота гостува на лидерот, КК Гостивар
Вардар во сабота гостува на лидерот, КК Гостивар

Вардар во сабота гостува на лидерот, КК Гостивар

Овој викенд ќе се одигра второто коло во 2020 година во Првата кошаркарска сениорска машка лига, односно 13.рунда во сезоната 2019/2020 во кошаркарската елита во Македонија.

Вардар тргна со победа во првото коло, изминатиот викенд на домашен терен во малата сала „Кале“ ја совладавме екипата на КК МЗТ Скопје Уни Банка, што беше наша втора победа против овој тим и втора победа воопшто сезонава. Следен предизвик е гостувањето кај тимот кој го дели врвот со актуелниот шампион, КК МЗТ Скопје. Ние гостуваме кај Гостивар во истоимениот град, тим кој како и „штрковите“ има 21.поен и ја дели лидерската позиција.

Натпреварот ќе се игра задутре, сабота, 25.јануари со почеток во 18-00 часот. Ние гостуваме во салата „Младост ” Гостивар.