Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Баскет Кам следен предизвик за вардарки
Баскет Кам следен предизвик за вардарки

Баскет Кам следен предизвик за вардарки

Следен предизвик од 2.фаза во лигата за црвено-црните дами на Александар Ашаданов е гостувањето кај актуелниот шампион, тимот кој пред 10сетина дена го одбрани Купот на  Македонија екипата на Баскет Кам.

Делот   на ЖКК Вардар од 2.коло во „Оролоџо“ сегментот е закажан за понеделник во големата сала при Спортскиот центар „Кале“ каде што тимот од Македонска Каменица ги игра во овој период од сезоната домашните натпревари. Натпреварот ќе започне во 20-00 часот.