Последното шесто коло од Суперлигата ќе стави крај на дилемите која екипа ќе ја има најдобрата позиција пред доигрувањето за шампионсиата титула. Но и уште една помала, која екипа ќе заврши на четврттата позиција, онаа последната која води во плеј-офот.
Големото суперлигашко дерби се игра во Кисела Вода, каде од 18.часот, ќе се сретнат, се чини, двата најголеми фаворити за титулата.
Бадел 1862 го пречекува составот на Баскет КАМ.
И тоа со голема предност која „баделки“ ја донесоа во Скопје при гостувањето во Каменица. Победија на гостински терен со десет поени „вишок“ (78:68), па дури и евентуален пораз во денешниот натпревар ќе го остави лидерот на првата позиција на табелата.
Од друга страна пак тоа е гостинска задача за силно засилениот состав на Баскет КАМ. Математиките се јасни, секоја победа изразена со десет или повеќе поени разлика ги става на најдобрата стартна позиција.
Како во натпреварите од плеј-офот, така и во оние од финалниот турнир од Купот на Македонија, кој следува овој викенд.
Кој ќе игра во плеј офот, освен „сигурните“ Бадел 1862, Баскет КАМ и Вардар, ќе „пресудат“ другите два дуели од ова коло.
Од 16.часот, Струга 2009 која е „надвор од конкуренција“, ја дочекува екипата на Крива Паланка. Гостинките имаат императив на победа, која може да им донесе место во плеј-офот. Но само под услов екипата на Работнички да го загуби мечот со Вардар, закажан за 18.30 часот во СРЦ „Кале“.
СУПЕРЛИГА – ЖЕНИ
ДВОЈКИ 6.КОЛО
ДЕНЕСКА:
16.00: Струга 2009 – Крива Паланка
Сала „Нико Нестор“ – Струга
18.00: Бадел 1862 – Баскет КАМ
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
18.30: Работнички – Вардар
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје