Дефинитивно ЖКК Вардар има идеална пролет, вчера дојде до шестата победа во исто толку мечеви во 2019 година во Првата кошаркарска женса лига. Девојките на Жаклина Стојановска се со 100% ефект по одиграни шест кола.
ЖКК Вардар, вчера во малата сала при С.Ц “Кале“ одигра дуел со тимот од Градски Парк, екипата на ЖКК Работнички. Вардарки во еден интересен и возбудлив натпревар дојдоа до победа со седум поени позитива против одличниот тим на црвено-белите. Триумфот дојде со резултат 73-66 на оваа средба.