Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошаркарскиот клуб Вардар денес свечено ќе го одбележи 70 год. јубилеј
Кошаркарскиот клуб Вардар денес свечено ќе го одбележи 70 год. јубилеј

Кошаркарскиот клуб Вардар денес свечено ќе го одбележи 70 год. јубилеј

Кошаркарски Клуб Вардар е создаден далечната 1947 со самото основање на Спортското друштво Вардар. Тие годинава како и фудбалскиот клуб и неколку други секции на црвено-црните прославуваат 70 години постоење.

По тој повод црвено-црниот кошаркарски колектив ве поканува да бидете дел од свечената прослава по повод 70 години од постоењето на клубот која ќе се оддржи на  на 28мај. Прославата започнува со ревијален натпревар помеѓу ЖКК Вардар и селекцијата на Спортска Академија од 17 часот. Во 18 часот ревијален натпревар ќе одиграат сениорите на Вардар против поранешни кошаркари на црвено-црните кој сега со успех настапуваат во репрезентациите на Македонија…(Стојан Ѓуроски, Марко Симоновски, Бојан Крстевски, Кирил Николовски, Ивица Димчевски, Адем Мекиќ, Виктор Ефремовски, Предраг Пајиќ, Бобан Стајиќ, Даниел Нацевски,Жарко Ѓуриќ, Милорад Миновски, Андреј Биљановски, Мартин Давитков).
Во 18 часот е свеченото доделување на признанија.