Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Диневска Андреа: Реалното Аикидо е спорт кој ме исполнува и ме прави среќна, Бојана е мојот идол
Диневска Андреа: Реалното Аикидо е спорт кој ме исполнува и ме прави среќна, Бојана е мојот идол

Диневска Андреа: Реалното Аикидо е спорт кој ме исполнува и ме прави среќна, Бојана е мојот идол

Клубот за Реално Аикидо „Вардар“ постои пет години, тој функционира како и сите други вардарови колективи во нашиот главен град, Скопје. Моментално во него членуваат повеќе од 50 членови, a тренинзите се одржуваат во ОУ„Александар Македонски“ во Ново Лисиче. Се работи  напорно, вредно и посветено, па така три пати неделно се одржуваат тренинзи.  Големината на „црвено-црните” е во одличноста поставеност на клубот, има своја сала, голем фонт на членови, етаблирани се во меѓународна призната федерација, но пред се главната „сила“ е предобро поставената стручна фела во тимот. Екипираноста на максимално ново, тренинзите ги водат искусни мајстори со интернационални лиценци за реален аикидо. Денес ќе имаме чест да разговараме со еден од „бисерите“ на Р.Аикидо клубот Вардар во стручниот дел.

Диневска фотографирана

Диневска фотографирана  пред неколку години, таа цела деценија се занимава со Реално Аикидо

Станува збор за младата и веќе афирмирана во овој спорт Диневска Андреа. Tаа  е само 16 годишна девојка која  повеќе од две години e асистент тренер со црн појас (1ви дан). Навидум типична млада девојка на прв поглед, но чим ќе започне тренингот може да се види целата нејзина експозивност, преданост, енергија, вештина и  посветеност на овој спорт. На само свои 14.години го положува статусот 1ви дан црн појас, што само покажува дека минатите осум години до тој момент во овој спорт ги минала со голема посветеност. На тренинзите работи со младите вардарци, вештините им ги пренесува со многу љубов, енергично и посветено до максимални граници. Има изразени менторски и лидерски способности кои едноставно „зрачат“ од неа, на тој создавајќи пријатна атмосфера за работа која додатно ги покренува младите да напредуваат. Во следното интервју ќе ве запознаеме со неа и деталите околу овој спорт и клубот Вардар.

1. На самиот почеток запознајте не со оваа вештина, кои се нејзините особени карактеристики?

a9

Прекрасно е чуството да сте дел од ова….вели Андреа 

Реалното аикидо е вештина за самоодбрана во која најбитно е размислувањето и присуството на тренинзите. Тоа е практична и ефикасна вештина за самоодбрана која што ги применува супериорните одбранбени техники, истите се  засновани врз законите на природата.  Јас ја практикувам оваа вештина повеќе од 10 години и сосема сум задоволна од себе што тргнав по овој животен пат.

2. Што ви носи како бенефит овој спорт и кој статус го имате во Реално Аикидо?

Најголем бенефит е тоа што секој тренинг е нова различна приказна, секогаш има и усовршуваме нови техники и сознанија. Најважното во Реалното Аикидо е што  секоја техника  си има своја примена за надвор од тренинзите, односно во реалноста. Јас сум црн појас први дан, веќе две и пол  години и истите ми биле исполнети со многу работа и тренинзи. Прекрасно е чуството да сте дел од ова, тоа е нешто што ги исполнува човековите сетила  во целост.

Диневска:

Диневска: Чуството да се пренесува знаењето на помладите е неописливо…

 

3. Вие сте мајстор и инструктор „црн појас 1дан“, на младите членови во клубот им го пренесувате вашето знаење, какво е чувството да се биде ментор?

Моментално мојата работа во клубот е со детската група од пет до десет годиншна возраст. Чувството да се пренесува знаењето на помалите и сите членови од клубот е едноставно неописливо. Релацијата со  младите е одлична,  секако и јас имам да научам по нешто од сите нив, на тој начин дополнувајќи се едни со други во иделна компактна целина. Особено сум горда што сум дел од  Вардар како сериозен клуб од оваа област  кој има и програмата за самоодбрана за жени, улични техники, техники во партер и напади со оружје како: нож, палица, пиштол…

4. Зашто би го препорачале овој спорт/вештина на другите, што има Вардар како клуб да понуди?

a1

Таа прикажува одбранбена техника пред широк аудиториум, нејзината вештина беше поздравена со громогласен аплауз. 

На секого би го препорачала овој спорт бидејки имам препозитивно искуство од мојата приказна. Ова е спорт кој може да се стартува во различна животна доба, така кај нас почнуваат да го  практикуваат деца од најмала возраст се до луѓе во подоцнежните период од животот. Нашиот клуб Вардар е слободно  можам да кажам една голема и среќно семејство.  Во истата секогаш секој човек е добредојден да се придружи и биде прифатен со „широко раширени раце“ од нас како стручен кадар, но и од сите клубски колеги кои би ги задобил во црвено-црниот реал аикидо клуб.

5.Запознајте не како се напредува во овој спорт од почетник до вашиот статус?

Напредокот од овој спорт зависи само од постојаното присуство, желбата, преданост и се подразбира големиот трудот кој секој поединец би го вложил во себе. Не е тешко да се стигне од бел до црн појас ако некој сака да работи и да се надградува перманентно, патот до крајната цел е правопропорционален со вложената енергија, труд, желба и посветеност. Полагањата за „појаси“ односно верификувањето на постигнатото ниво, ги оддржуваат најголемите мајстори од Србија од интернационалната федерација „IFSRA “. Таквите настани според календарот на оваа федерација  се случуваат два пати годишно.

Андреа со својот идол!

Андреа со својот идол!

6. Кој вие пример односно идол во оваа вештина која така млада, а така успешно ја практикувате? 

Мојот најголем идол во оваа вештина несомнено е Бојана Диневаска, таа е мој пример, идол моја „ѕвезда водилка“. Во моментов на ова интервју е 2-ри дан црн појас. Никогаш не сум мислела дека ќе стигнам до овој левел на кој што сум, но тоа е доказ дека секој може ако сака и се труди да дојде до таргетираната цел која ја има зацртано претходно – завршува Диневска.

Михајло Тушевски