Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Академија ФМП подобра од Вардар на домашен терен
Академија ФМП подобра од Вардар на домашен терен

Академија ФМП подобра од Вардар на домашен терен

Три кола, исто толку победи за Академија ФМП во само сеум дена. Доволно за да дојдат до десетта победа во Првата лига, која им дава реални шанси на истекот на првата фаза од првенството да бидат една од шестте кои ќе ја формираат Суперлигата.

АКАДЕМИЈА ФМП – ВАРДАР    78:63

Одлично одиграната прва четвртина која ја добија со двоцифрена разлика (28:16), беше вовед во уште едно ново, добро издание на кошаркарите на Академија ФМП.

Брзо, избраниците на тренерот Александар Петровиќ воспоставија предност во играта, па доста порелаксирано продолжија во вториот период во кој успеаја да ја одржат таа разлика. До истекот на 20.минута, имаа комотни (46:33)

Но не се задоволија со тоа домашните кошаркари, затоа што на средината од третата четвртина имаа и уште повисоки, 16.поени предност, (58:42). А уште еднаш, во преден план беше Крстајиќ, кој за 25.минути реализираше 21.поен, додека пак Херис имаше 11.

Но до крајот на таа делница „вардарци“ симнаа дел од резултатскиот дефицит (49:61). По заслуга на двоецот Провел-Радош кои запишаа по 13.поени во тие 30.минути. Но тоа беше се што сторија гостите на овој натпревар во кој доминираше една екипа, онаа од Кисела Вода.

Во натпревар во кој Крстајиќ изброја 28.поени, а Херис имаше уште 12, кај повбедничката екипа, додека пак кај Вардар, Провел даде 15. Радош 13, а Ташовски уште 10.поени.

Ова беше 10. победа во 18. одиграни средби во сезоната за Академија ФМП. Вардар останува на 4. победи во 16.одиграни мечеви.