Крилниот центар Аполонија Томас е најново засилување за екипата на Вардар на десетина дена пред почетокот на новата сезона во македонското првенство.
Станува збор за 28-годишна кошаркарка која минатата сезона ја поминала во Романија, во тимот на КСЕ Таргу откако претходно играле во африканската Лига на шампионите за ФАП ДЕ Јаунде од Камерун. На десет натпревари во Романија, Томас просечно постигнувала по 8,7 поени, 7 скока и 0,6 асистенции.
Со Томас во составот, Вардар ќе се обиде да им ги помати сметките на фаворизираните Баскет Кам и Бадел и да стигне до трофеј во македонската кошарка претстојната сезона.
извор>kos.mk