Либерото на одбојкарскиот клуб на Вардар и репрезентативец на Македонија, Дарко Ангеловски за жал повеќе нема да биде дел од ОК Вардар. Нашиот одбојкар со своите одлични партии пред се во националниот дрес се препорача кај романските скаути. Исто така, Дарко Ангеловски важеше и за еден од најдобрите играчи на нашиот тим оваа полусезона.
Ангеловски кариерата ќе ја продолжи во тимот на Униреја Деј од Романија. Му посакуваме на нашиот играч успеси во новиот клуб во романската лига.
Среќно Дарко!