Викендов се оддржа финалето на атлетскиот куп на Македонија на арената Филип Втори Македонски. Веќе објавивме за завчерашниот настап на Завировски на најдолгата стадионска трка 10.000 метри.
Вчера на трката на 5.000 метри, другиот вардарец Марко Ивановски имаше одличен настап и финишираше со резултат 18:00 минути. Веднаш зад него финишираше, помладиот, Петре Завировски кој ден претоа ја имаше и исцрпувачка трка на 10.000 метри денес собра сили и успеа да финишира со резултат 18:13 минути.
Тоа се единствените вардарци кои ги бранеа боите на Вардар во финалето на купот на Македонија. Тие беа облечени во дресовите на ФК Вардар со логото на Комити Запад со цел да покажат солидарност со судбината на „поголемиот брат“.
Следен предизвик за вардарците е полумаратонот во Охрид на 6.јули.