Легендарниот маратонец Трпе Мартиновски бруси нов атлетски дијамант. Мартиновски е изненаден од неверојатната издржливост која ја поседува неговиот црвено-црн атлетичар, Петре Завировски. Додава дека младиот Вардарец Завировски можеби не бил најталентираното момче, во моментов не е најдоброто што го има Македонската атлетска сцена, но дефинитивно е еден од најупорните, еден од оние со најголема желба, поседува карактер и онаа спортска дрскост кои дефинитивно ќе го направат голем тркач.
Тој тренира многу и сака да успее. Особено него го радува тоа што секој ден е се побрз. Одлично ги изработува кратките и брзи делници. Покажува огромен напредок во брзината. Има одлична издржливост на долгите делници. Самото тоа резултира на подобрување на брзината на должините. Ова дефинитивно е едно долго и пеколно лето за Вардарецот, за кого есенскиот дел од сезоната започнува набрзо. На City Park Night 21′ на 10 Септември ќе се обиде да го подобри својот резултат на полумаратон. Пред тоа можно е да настапи на некоја од пократките стадионски трки. За да ја провери својата форма и да ги подобри своите резултати. Нивниот план е да настапат на повеќе трки во месец септември и октомври. На нив е да се обидат да ги подобрат резултатите кои засега ги има Завировски како најдобри остварувања во кариерата