Вчера, 6.април, сабота се одржа традиционалниот полумаратон “Трчаме Кон Целта”. На трката која започна во 8-30 часот наутро вардаровиот атлетичар Петре Звировски настапи во екипа со Момчило Ристовски и Јованче Цаневски.
Оваа “тројка“ беше на висина на задачата и го освоија сребрениот медал на штафетниот полумаратон 3х7километра. Трката како “прва замена“ ја започна црвено-црниот атлетичар Петре Звировски. Тој своите 7 километри ги помина за 27:11 минути. Сосема одлично за него, за напомена ова е прва негова трка по 11.месеци пауза колку што му требаше време за рехабилитирање на повредата добиена во минатиот мај на Скопски полумаратон.
Втора замена беше Момчило Ристовски, втората “7ка“ беше мината 29-00 минути. На сцена дојде последната, трета замена Јованче Цаневски. Финишните 7 километри ги мина за 28:27 минути. Интересен беше финиш на трката, каде Цаневски го доби дуелот со еден од тркачите на Струмица 2, со што го донесе сребрениот медал со вкупен рзултат 1ч. 24м. 40с. Честитки до сите тројца за одлично одработениот штафетен полумаратон.