Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Бадел по 18.месеци „пост“ го совлада ЖКК Вардар
Бадел по 18.месеци „пост“ го совлада ЖКК Вардар

Бадел по 18.месеци „пост“ го совлада ЖКК Вардар

Вчера, Бадел 1862 и Вардар одиграа мошне неизвесен и драматичен натпревар, кој беше решен буквално во последната секунда, со тројката на репрезентативката Кметовска, за (68:66), и прв пораз на Вардар во првенството.

  Бадел 1862 – Вардар     68:66

Колото број 13 беше баксузно за бранителот на титулата, екипата на Вардар. Поминаа толку првенствени рунди пред екипата на Вардар да го забележи првиот пораз. Им го нанесе нивниот најголем конкурент во битката за пехарот, Бадел 1862, кој по 18.месеца без победа над црвено-црните конечно триумфираше И тоа на мошне драматичен начин, со точен удар за три поени, буквално во последната секунда од играта.

Двете најдобри екипи покажаа дека со право и оваа година, ќе се борат за шампионската титула.

Иако „баделки“ имаа минимална предност на полувремето (36:35), во вториот дел од играта, бранителот на титулата дојде до водство  од шест поени (47:41). Домашната екипа ја стигна таа разлика, и израмни на (47:47).Но сепак девојките во „црвено-црна“ комбинација на истекот на третиот дел имаа минимално водство (49:47). Во голема мерка по заслуга на најискусната кошаркарка во своите редови, Славица Наков, и помошта на од Петрушевска во рекетот.

Во последниот дел од играта на дербито, кое поради одлуката на федерацијата се играше пред празни трибини во салата „Независна Македонија“,  повторно израмнета борба, макар што гостинската екипа беше во постојан резултатски плус. Прво (56:53), потоа уште повисоки (62:57), во првите минути од четвртата четвртина.

Но во средишницата, Бадел 1862 го врати минималното водство (65:64). И го задржа. На четири секунди беа во негатива (65:66), но во последниот напад и тоа кратко време, репрезентативното крило на Бадел 1862, Кметовска,  постигна тројка за голема победа.

И израмнување на скорот со Вардар. Сега и двете екипи имаат ефект (12-1), што значи дека до крајот ќе се води борба за најдобрата стартна позиција во плеј-офот.