Вчера во малата сала „Кале“ во 6.коло од „Оролоџо“ сегментот донесе дуел на домаќинот ЖКК Вардар и лидерот на табелата кај дамите Бадел 1862. На ова средба гостиот ја оправда фаворитската улога, доминираше на теренот, создаваше предност и дојде до победа над девојките на Александар Ашаданов. Ние впишавме пораз со 20.поена негатива на овој првенствен натпревар.
Дуелот заврши со резултат 69:89 во корист на сино-жолтиот тим кои и по ова коло е лидер на табелата, вардарки се на позицијата број три на која ќе останат до крајот на овој сегмент и од која ќе влезат во плеј-офот за титулата.