Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Кожуф последен предизвик за 2018 година на вардарци
КК Кожуф последен предизвик за 2018 година на вардарци

КК Кожуф последен предизвик за 2018 година на вардарци

Вардарци во последната средба во Првата лига беа домаќини на шампионот Работнички, во оваа средба иако постигнавме 89.поена сепак бевме поразени од поискусниот прволигаш. Следен предизвик за црвено-црните момци е дуелот со тимот на Кожуф в гости.

Натпреварот од ова 11.коло во  најсилната машка кошаркарска конкуренција се игра на 22.декември, недела, дуелот е закажан  со почеток 17-00 часот. Со оваа средба се “спушта завесата“ во елитата за ова 2018 година, потоа следи стандардната зимска пауза во кошаркарската лига.