Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: ЖКК Вардар слободен ова коло, потоа гостува кај Струга 2009
Кошарка: ЖКК Вардар слободен ова коло, потоа гостува кај Струга 2009

Кошарка: ЖКК Вардар слободен ова коло, потоа гостува кај Струга 2009

Вардар паузата за велигденските презници во женската кошаркарска лига ја очека како лидер на табелата во истата. Ние имаме 26 бода, зад нас е шампионот Бадел 1862 со бод помалку и дуел помалку одигран досега. Во ова 8.коло од вториот круг токму Вардар е слободен па паузата поради велигденските празници е продолжена за нашите девојки.

До крајот ни преостануваат два меча од регуларниот дел, и во двата дуели ние сме гости. Следното коло потоа, 9.коло гостуваме кај екипата на ЖКК Струга 2009 во истоимениот град, а во последното коло сме гости нашампионките. Токму дербито со Бадел може да биде клучно за разврска околу првата позиција пред плеј-оф сегментот. Во трите одиграни дуела сезонава во лигата они имаат две победи, а ние еден триумф. Исто така победа забележавме над нив во најважниот дуел досега, финалето од Купот кога дојдовме до злато. Вардарки се во низа од осум победи во лигата, девојките на Дамњановски на десет официјални дуели по ред во двете конкуренции имаат 100% ефект оваа пролет.