Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: КК Вардар генер.2005 учествуваше на “Баскет 4 кидс“ турнирот в Белград
Кошарка: КК Вардар генер.2005 учествуваше на “Баскет 4 кидс“ турнирот в Белград

Кошарка: КК Вардар генер.2005 учествуваше на “Баскет 4 кидс“ турнирот в Белград

Кошарскиот клуб Вардар го заврши учеството на меѓународниот турнир  “Баскет 4 кидс“  во организација на ТВ Спорт Клуб кој се играше в Белград, Србија. На истиот учестуваа најдобрите екипи од ех Ју просторите. Турнирот беше за момчиња родени 2005 година и помали. Вардарци играа со екипа составена од четири играчи родени 2005, а остатокот од екипата (осум играчи) беше пополнет со момци родени 2006 година.

zr

Вардаровиот тим кој беше доста помлад од останатите забележа три порази, но ги освои симпатиите на турнирот. Победник на овој меѓународен турнир беше тимот на Хелос од Домжале, Словенија, кој во финалето ја совлада екипата на КК Фока од Крагуевец (Србија). Третто место освои тимот на Спарс од Сараево( БиХ), тие во малото финале ја совладаа екипата од Хрватска, КК Задар.

zr2

Резултатите на црвено-црните надежи кои ги постигнавме на турниров се:

Хелос-Вардар 49 : 23 

Вардар-Вреџоснице 18 : 30

Вардар- Фока 16 : 47