Вчера актуелниот шампион на Македонија во женска кошарка, ЖКК Бадел ја пречека црвено-црната екипа во дуел од 8.коло во првата кошаркарска лига. На оваа средба домаќинот стигна до нов дерби триумф над Вардар, на теренот во Кисела Вода тие победија со убедливи 93-67. Жолто-синот тим наговестувајќи зашто се сметаат за голем фаворит за двојна круна сезонава, откако лани токму од Вардар ја загубија битката во Купот на Македонија.
Домаќинките целата работа ја завршија уште во првото полувреме, по кое водеа со резултат 55-37. Во вториот дел тие ја контролираа и со рутинирана игра ја чуваа предноста, опа на крајот победија со 93-67. Најефикасни кај победничкиот тим бееш Димова со 24 поена, апак кај црвено-црнте дами прв стрелец беше искусната Наков со 20 поени.
Фото: екипа.мк