Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Македонија М14 забележа два порази на „Словенија Бол“, вардарецот Оровчанец впиша нови настапи
Македонија М14 забележа два порази на „Словенија Бол“,  вардарецот Оровчанец впиша нови настапи

Македонија М14 забележа два порази на „Словенија Бол“, вардарецот Оровчанец впиша нови настапи

Kошаркарскатa репрезентација на Македонија до 14 години е дел од турнирот „Словенија Бол“. Овој турнир е “неофицијало ЕП“. По убедливата победа над Хрватска вчера следеаа два пораза.

Во првиот дуел бевме поразени од Русија, со високи 79 – 51. На овој натпревар нашиот ривал доминираше постојано и не ни остави прилика за било каква шанса за позитивен резултат. Особено слабо одигравме во вториот и треттиот период, вака идеше мечот по периоди: 20 : 23, 25 : 7, 19 : 6 и 15 : 15. На вториот дуел се сретнавме со тимот на Унгарија, и овде за жал забележавме пораз.   Отворивме добро и по крајот на првата четвртина имавме предност од пет поена, 17 : 12. Сепак потоа почна нашиот пад, во следните четвртни унгарците дојдоа до она што го посакуваат. Резултатот во следните периоди беше следен: 12 : 24, 12 : 18 и 13 : 12. Младиот вардарец, Оровчанец повторно забележа настап и на двата дуела за црвено-жолтите.