Овој викенд беше со акцент на екипата од Аеродром, против која игравме во две младински селекции и сениори кај момците. Во двете младински средби, кај М18 и М16 забележавме порази од сино-белитот тим.
“Одигравме навидум тежок меч во М18. Во текот на натпреварот имавме неколку шанси да го промениме резултатот , но сепак не успеавме да извојуваме два бода. Дури на крајот имавме шанса и да го однесеме натпреварот во продолженија, но промашивме шут за три поени во последните секунди. Никако ни среќата не беше на наша страна во овие последни секунди. Иако Хусеин Бајрам беше најдобар стрелец со 25 поени (6 тројки), кој иако е една година помал од оваа натпреварувачка генерација, тој полека но сигурно станува лидер на екипата. Долгогодишната кариера во црвено-црното семејство , е водич кон добра и квалитетна игра- изјави тренерот Јованчев.
КК МЗТ Скопје Аеродром – КК Вардар 72:67
Во М16 , иако на полувреме заминавме со два поени предност, третата четвртина беше пресудна за нашиот пораз , каде што промашивме неколку шутеви и направивме многу технички грешки што придонесе скоро 5 минути да не постигнеме ниту еден поен и до крај да не успееме да се доближиме до противникот.
КК МЗТ Скопје Аеродром – КК Вардар 77:65
Kај дамите овој викенд покрај сениорскиот дуел во кој дојдовме до висока победа со тимот на Крива Паланка, во лигата за дами до 18 години гостувавме на ЖКК Бадел. Во овој меч нашите дами забележаа висок пораз во деби колото од лигата.
(М18) ЖКК Бадел 1862 – ЖКК ВАРДАР 100:40