Вчера во малата сала “Кале“ во Скопје екипата на КК Вардар на првиот пролетен дуел како домаќини во сениорската втора лига ја пречека екипата која ни е ривал за висок пласман, тимот на КК Водњански Лисици од Скопје. Црвено-црните момци успеаа во ова дерби од втората лига да дојдат до победа со резултат 92-76.
Покрај победата со одличната игра во целиот дуел и несебичното залагање на момците успеавме да ја надополниме и кош-разликата од првиот меѓусебен натпревар со овој тим. Тоа ни донесе прилика да ја запоседнеме првата позиција на табелата во лигата. Ние и вчерашниот ривал имаме по 19 бода освоени во изминатите 11.коло. Двата тима имаат по девет победи и еден пораз, кои си го нанесоа меѓусебно во досегашниот дел од првенството.