Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Браво Лавици! ЖКК Вардар го освои Купот на Македонија, Муса избрана за “МВП“
Браво Лавици! ЖКК Вардар го освои Купот на Македонија, Муса избрана за “МВП“

Браво Лавици! ЖКК Вардар го освои Купот на Македонија, Муса избрана за “МВП“

Првиот трофеј за  големото црвено-црно семејство го освоивме денес, девојките од кошаркарскиот клуб дојдоа до титулата во Купот, БРАВО ДЕВОЈКИ.

Нашиот лидер Муса

Нашиот лидер Муса

Тие вечерва го совладаа актуелниот првак  тимот на Бадел со 69-65.  Одлична вест е дека   за првпат во својата историја го освоија пехарот во ова натпреварување. Нашите девојки се надминаа денес, Вардар водеше речиси во текот на целиот натпревар. Дури и кога беше тешко  во  шесте минути кога поради пет лични грешки не играше најдобрата Едина Муса. Девојките предводени од  Бране Андриевски тргнаа со 9-0  на почетокот и целиот меч го контролираа. Нашата Муса беше прогласена за  најкорисен играч на завршниот турнир таа беше лидер со “дабл-дабл“ ефект. Вечерва таа беше  најефикасна со 23 поени имаше и  11 скока и две асистенции.