Одбојкарките на Вардар одиграа одличен натпревар вечерва во Кисела Вода и заслужено изборија ,,мајсторка” во финалето.
Јанта Волеј иако водеше со 2-1 во сетови, иако имаше и меч топка за титула, сепак храбрите вардарки се изборија и не потклекнаа под притисокот, па така ќе има нов натпревар кој ќе го одлучи новиот шампион на Македонија. Одново Агуеро беше најдобрата вардарка, а овој пат имаше и цел тим расположен за игра. Сега останува на вардарки добро да се подготват и за три дена да го одиграат најдобриот натпревар сезонава.
Финалниот меч ќе биде одигран во четврток, а домаќин ќе биде нашиот Вардар.