Во втората лига започнува полуфиналната плеј-оф серија, во истата КК Вардар ќе се соочи со тимот на Чаир 2030, екипата која беше лидер по регуларниот дел.
Првиот меч на кој подобриот на табелата, Чаир има предност на домашен тререн е веќе закажан. Натпреварот се игра утре, недела 8.мај со почеток во 19-00 часот. Истиот ќе се одигра во салата „Шабан Трестена“ во скопската населба Чаир.