Момците на Јованчев Александар против тимот на КК Црн Дрим ќе ја бараат шансата за прекинување на „црната серија“ од четири порази во воведните четири есенски рунди. Денес вторник (22.декември) ќе бидеме домаќини на тимот од Струга.
Напреварот кој ќе се игра во нашиот дом, малата сала при СРЦ „Кале“ е закажан со почеток во 14:00 часот. Ривалот исто како и нас има четири порази до сега, но и една победа бидејќи одигра еден дуел повеќе во оваа есенска полусезона која е полна со одложувања и нови термини поради ситуацијата со Ковид-19.
Помеѓу последниот напревар во Гостивар и денешната средба ние ангажиравме центар висок 226.см. Станува збор за поранешниот македонски репрезентативец Марко Дујковиќ.