Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Дарко Димитровски во топ-6 на 2.коло во МКЛ

Куглање! Дарко Димитровски во топ-6 на 2.коло во МКЛ

Во понеделникот  во дуел од  2.коло во Македонската кугларска лига екипата на КК Вардар беше домаќин на тимот на КК Империал Тобако ТКС. Во овој дуел кој се играше во кугланата ВИП при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје црвено-црните дојдоа до победа 6-2.

На овој дуел, ние во сетови победиве со 13-11, впишавме 3272 соборени “дрва“ што беше за 48 повеќе од ривалот кој собори 3225.  Во нашите редови најдобар скор имаше Димитровски Дарко кој собори 564 “дрва“. Токму овој настап му обезбеди место во иделниот тим, ТОП-6 на 2.коло(некомплетно) во домашната кугларска лига. Тој се најде на позицијата “четири“ во овој тим. Во иделниот тим првите три места се за играчи на шампионот КК Макпетрол, за Вардар е резервирана позицијата под реден број четири, а последните две позиции се за играчи на КК Империал Тобако ТКС.