Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Деловска за Вардарфанс: ЖКК Вардар е тим на девојки со големи срца, вистинска привилегија е да си капитен
Деловска за Вардарфанс: ЖКК Вардар е тим на девојки со големи срца, вистинска привилегија е да си капитен

Деловска за Вардарфанс: ЖКК Вардар е тим на девојки со големи срца, вистинска привилегија е да си капитен

ЖКК Вардар има сезона за паметење, пред десетина дена успеа да стане шампион на Македонија совладувајќи го убедливо со 3-0 во финалната серија тимот на актуелниот повеќе кратен шамион, Бадел. Истиот колектив ни беше “пациент“ во Куп финалето и оваа сезона, третта по ред во ова натпреварување. Двојната круна е она што свети како “ореол“ над главите на овие црвено-црни хероини. Девојките на Жаклина Стојановска ги заслужуваат сите пофалби и честитки за оваа сезона, особено оваа пролет каде беа перфектни. Тие имаат само еден лигашки пораз во цела сезона, се друго беа триумфи, поголем дел и доста убедливи покажувајќи класа.

a6

Капитен на тимот е крилниот играч, Симона Деловска. Разговараме со капитенот на двојниот шампион на Македонија кој суверено владее со женската сениорска кошарка. Оваа млада кошаркарка со лидерски капацитет,  тимски играч кој го краси голема  кошаркарска интелигенција и вештина   ќе не  запознае  нејзините кошаркарски почетоци, моментот како стана дел од црвено-црниот тим и позицијата на која дава придонес во “жетвата“ на трофеи.

a7
Мојата љубов кон “портокаловата топка“ датира одамна, речиси 15.години се бавам со кошарка, тоа е спортот во кој се пронајдов, мојот животен повик. Дел од црвено-црниот тим станав сосема случајно, на повик на мои соиграчки од претходниот тим, така се наместија коцките за што сум многу среќна. Целата приказна се вклопи на чуден начин. Настапувам на позицијата 2-3 (крило) во Вардар. Среќна сум што судбината ме донесе во еден ваков шампионски колектив.

a5

Деловска ја имаше привилегијата да ги подигне двата пехари, нашиот капитен зборува за најсилното оружје на Вардар, големата тимска поврзаност и воиграност. Таа посебно е горда што токму она е капитен на ваква екипа кој реди успеси на домашна сцена. 

a2

Голема предност на тимот на кој сум капитен е што веќе две години фунционираме заедно во исти состав, а и девојките кои подоцна се придужија во ростерот иделно се вклопија во тимската хармонија. Сите се познаваме доста добро, фунционираме одлично едноставно сме сите складни што донесе до голема тимска хемија и поврзаност помеѓу девојките.  Како капитен немав тешка задача за создавање атмосфера, тимкиот дух лебди над тимот, се е полесно кога си компактен па успесите доаѓаат лесно. Ова е тим на девојки со големи срца, тие се храбри и одлични кошаркари и личности. Навистина сум горда што сум капитен на ваков женски колектив, тоа е голема чест и привилегија.

a4

Оваа сезона 2018/2019 ќе биде запаметена како сезона во која Вардар стана шампион во Првата лига и Купот, обединувајќи ги двете титули. Во лигата конечно го “скршивме“ Бадел, тим кој го “детронизиравме“ од врвот после пола деценија суверено владение. 

Сезонава е доста специфична, искрено можеби успехот се должи што во неа влеговме без преголеми очекувања, меѓутоа целта беше таа, да ги “обоиме“ во црвено-црно двете круни во женската сениорска кошарка. За разлика од претходните две сезони, оваа успеавме во нашата мисија. Навистина сум многу горда на тимот и на начинот на кој ние фунционираме меѓусебно, тоа го апостофирам, бидејќи секогаш сме компактни и во добри и што е најважно и во лоши моменти. Се надевам ќе продолжиме да работиме и да тренираме вредно и во иднина, трудот очекувам да ни биде награден со вакви успеси како и оваа сезона- вели капитенот Деловска во изјавата за Вардар фанс.

a3

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ