Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Девојките утре во Кавадарци ќе гостуваат кај МНА Кожувчанка
Кошарка! Девојките утре во Кавадарци ќе гостуваат кај МНА Кожувчанка

Кошарка! Девојките утре во Кавадарци ќе гостуваат кај МНА Кожувчанка

Минатиот викенд беше резервиран за Куп завршницата во машка и женска кошаркарска конкуренција, овој викенд продолжуваат мечевите кај девојките  со дуелите од 8-тото коло од Првата женска  кошаркарска лига. Вардар во ова коло е гостин во Кавадарци.

Нашите девојки се враќаат на “местото на злосторот“ во салата “Јасмин“-Кавадарци каде што во неделата испишаа историја триумфирајќи и освојувајќи го Купот на Македонија.  Вардарки ќе се обидат да ја продолжат серијата од шест победи која лани ја остварија во домашната лига. Тие се сретнуваат со тимот на МНА Кожувчанка во желба да му нанесат вториот  пораз на овој противник во оваа сезона. Со нив лесно триумфиравме во малата сала “Кале“ во домашното првенство со резултат 76-71. Мечот се игра во сабота на 25.02.2017год, со почеток во  13:00 часот. кошаркарската федерација на земјава го делегираше за делегат на дуелот Д.Бошков, апак судиската двојка ќе биде: В.Лалков-Л.Николов.