Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар „перфектен“ оваа есен, падна и ЖКК Шкупи
Вардар „перфектен“ оваа есен, падна и ЖКК Шкупи

Вардар „перфектен“ оваа есен, падна и ЖКК Шкупи

ЖКК Вардар има перфектна есен, вчера во осмото коло дојде до осмата победа па со максимални 16.бода само се зацврсти на позицијата број еден на првенствената табела во женската кошаркарска Прва лига.

Девојките на Жаклина Стојановска го пречекаа тимот на ЖКК Шкупи на меч во малата сала при СЦ „Кале“ во Скопје.  Ние бевме изразит фаворит, сепак тргнавме доста немотивирано во првиот дел поради очигледната разлика во квалитет која е на наша страна. Сепак, Стојановска побара и доби поангажирана игра и убедлива победа на овој дуел. Ние триумфиравме со 42.поена позитива. Осмата лигашка победа дојде со резултат 75 – 33 на крајот.

Во следното 9.коло, последно од првиот круг во лигата која брои 10.тима ќе се сретнеме со екипата на Крива Паланка. Ние ќе гостуваме во истоимениот град.