Најдобриот куглар на Вардар и најдобар македонски куглар последната деценија и повеќе, лидерот на црвено-црните Димитар Димитровски доби екстра поуда која не можеше да се одбие. Неговите константни квалитетни игри во македонскиот шампионат, во лигата, купот и државното поединечно првенство не останаа незабележани. За него се заинтересира тим од хрватската кугларска лига, Медвешчак од Загреб.
Тимот од осамостојувањето на Хрватска бил шест пати првак на земјата, голем број пати бил првак и во ех Југославија. Има десет меѓународни титули: седум титули во Светскиот куп, три во европскиот и една титула во НБЦ-купот. Димитар е играч кој со години наназад владее со врвот во сите категории во мак.куглањето секогаш е прв во поединечните просеци, остварените победи, добиените сетови и во било кои категории каде што фигурира неговото име. Димитровски добива шанса во една земја каде куглањето е на високо ниво да покаже што умее најдобриот македонски куглар. За Вардар ова е голем удар, дефинитивно оваа сезона сме сериозно ослабени по заминување на лидерот. Тимот на Медвешчак го доби ударното дуо на вардарци од ланската и сезоната пред тоа Влаќевски-Димитровски. Тие владееа суверено како најдобар тандем во земјава. Бојан Влаќевски во Медвешчак замина од Вардар ова зимо.