Претседателот на КК Вардар, по неколку години минати во интернационалните води оваа сезона се врати во мак.куглањето во својот црвено-црн тим и веднаш покажа лидерска форма.
На официјалната странциа на Кугларската федерација на Македонија по одиграни шест кола беа поставени просеците на постигнатите резултати. Сосема очекувано Димитровски Димитар е лидер во земјава, тој е на првата позиција на табелата со просек од 581 „соборено дрво“. Исто така има и најдобар резултат во оваа сезона од 613 на еден дуел постигнати во 4.коло.
Во топ-5 пласираните на истата има место за уште еден играч на вардарци, станува збор за Манев Коста кој е на позицијата број пет со 565,17 „соборени дрва“ во просек до досегашните натпревари во Македонската кугларска лига.