Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардарецот Димитровски Димитар со најдобар поединечен просек во МКЛ
КУГЛАЊЕ! Вардарецот Димитровски Димитар со најдобар поединечен просек во МКЛ

КУГЛАЊЕ! Вардарецот Димитровски Димитар со најдобар поединечен просек во МКЛ

Еден од бисерите на црвено-црниот кугларски колектив воедно и председателот на Кк Вардар Димитар Димитровски е кугларот со најдобар поединечен просек во Македонската кугларска лига. Ова е податок за “есенскиот сегмент“ во кугларската лига.

Димитровски е на првата позиција од оваа листа на најдобри просеци во есенскиот дел тој има зад своето просек од 628,9 “соборени дрва“ и со цели 24 “дрва“ е подобар од второпласираниот играч на шампионот Кк Макпетрол кој има просек 604,6 од “соборени дрва“. Од нашите момци “втората ударна игла“ на шефот на стручниот штаб Драги Димитровски еден од најдобрите македонски куглари Бојан Влаќевски се наоѓа на 4,место со просек од 597,7 “соборени дрва“. Во топ-10 рангирањето го имаме уште Миле Димковски на 8.позиција со 572,5 “соборени дрва“. Вардар по одиграните 6 кола е на делба на првото место со еквивалентен број на бодови како и екипата на Макпетрол.