Вардар фанс како неуморен поддржувач на се што е “Вардар“ ви носи сторија за еден помалку промовиран член на големото црвено-црно семејство, голем човек, тренерот, стратег, предан спортист, кормиларот на црвено-црниот кугларски колектив Драги Димитровски. Тој својот живот му го посвети на овој “мал спорт“ со голема душа. Истиот е еден од најуспешните и најдолготрајните кугларски тренери во Македонското куглање. Активен уште од самото основање на македонската кугларска лига, кога беше играч и тренер на актуелниот многукратен шампион Макпетрол, еден од најзаслужните што овој клуб денес е она што е. Во својата кариера тренер бил на Работнички од кој створи генерација која денес го држи главниот збор во мак-куглањето. Димовски во својата кариера бил и на челото на македонската сениорска и јуниорска репрезентација.
По овој долг пат Драги на залезот на својата кариера реши да биде тренер на Вардар, тим во кој ги тренира двајцата најдобри куглари што Македонија ги има во моментов. Тој е премногу успешен за тренер на клуб кој постои во ваков возобновен формат едвај две години, веќе во првата се закити со вице-шампионската титула и титулата од Купот, за да во втората да бидеме пред портите на шампионската титула , која за жал не успеавме да ја освоиме во последното коло и дуелот со КК Макпетрол . Тој веќе по една година успеа да ги одведе својте пулени на европски НБЦ-куп во Австрија, каде црвено-црните се пласираа во првата половина од 24 учесници помеѓу кој имаше и екс европски владетели. Неговите играчи во моментов се во врвна форма, секое коло го окупираат ТОП 6 тимот на колото, за пример годинава во предпоследното 9.коло кога во топ-6 изборот дури пет имиња се од тимот предводен од Димитровски. Треба да се напоменат многу факти за неговите успеси , ние ќе напомене само еден мал дел : Под негово водство падна поединечниот македонски рекорд поставен од Бојан Влакевски , како и екипниот македонски рекорд поставен од Вардар оваа 20015/16. Да се надеваме дека Драги нема да застане тука и ке го води Вардар во многу успешни сезони како на домашен така и на мегународен план. Вистинска круна за неговата долгогодишна работа ќе биде настапот со Вардар во октомври кога ќе учествуваме на “Светскиот куп“ во Италија, место каде ќе се појават 14 најдобрите екипи на планетата. Да напоменеме дека големо признание за неговата стручна работа е фактот што неговиот “пулен“ вардарецот Бојан Влаќевски е повикан да биде дел од светската селекција.